Откако се справи со пандемијата, Кина гради фудбалски стадион вреден 1,56 милијарди евра

by fokus

Изградбата на новиот стадион во Гуангжу, кој ќе биде втор по големина фудбалски стадион, официјално започна вчера во Кина.

Спортскиот објект ќе има капацитет од 100.000 места, што барем за некое време ќе го надмине и оној на „Камп Ноу“ во Барселона (99.354). Шпанскиот колос планира да се прошири на 105.000 места.

Инаку број 1 во светот по број на места е стадионот „1 мај“ во Пјонганг – 114.000.

Работата во кинеската метропола започнува откако земјата се справи со пандемијата од корона вирус. Големиот стадион ќе чини 1,56 милијарди евра. На него ќе игра шампионот на најнаселената земја – Гуангжу Евергранде, на чело со Фабио Канаваро.

Арената мора да биде завршена до крајот на 2022 година.

Неговиот дизајн е во форма на лотос, бидејќи Гуангжу е познат како „Град на цвеќето“.

Поврзани новости