501
Инспекциските контроли на Агенцијата за храна и ветеринарство утврдиле пропусти во спроведувањето на добрата хигиенска пракса во продавницата Специјал во центарот на Скопје, каде пред неколку дена беше забележан глушец.
Како што изјави за МИА директорот на АХВ Зоран Атанасов, дуќанот нема да се затвори, но изречена е корективна мерка-едукација.
-Ако во некои следни контроли повторно се утврди каков било пропуст, ќе следува парична казна – рече Атанасов.
Тој истакнува дека направени се контроли и во други пекари на Специјал кои покажале помали пропусти во спроведувањето на добрата хигиенска пракса.