Сѐ повеќе славни личности се подготвени да се збогуваат со Твитер откако Илон Маск ја презеде сопственоста на социјалната мрежа. Некои од нив веќе ги избришале или заклучиле своите профили, а следбениците се поканети да ги следат на други платформи, како што се Instagram и TikTok.
Поради страв од пораст на говорот на омраза на Твитер по преземањето на Маск, многу познати личности најавуваат повлекување од Твитер. Креаторката на Grey’s Anatomy, Шонда Рајмс им откри на следбениците дека нема намера да чека да ги види плановите на Маск за Твитер.
Извршниот продуцент на серијата Ова сме, Кен Олин, исто така се збогуваше со своите 300 илјади следбеници на Твитер: „Заминувам одовде. Без осуда. Да ја задржиме вербата. Да ја заштитиме нашата демократија. Ајде да се обидеме да бидеме пољубезни. Ајде да се обидеме да ја спасиме планетата. Да се обидеме да бидеме подарежливи. Да се обидеме да најдеме мир во светот“, напиша Олин.