472
Претставниците на Студентскиот пленум на напуштија седницата на Ректоратот на која една од точките на дневен ред е и избор на нов ректор. Четворицата претставници излегоа од салата откако им го одзедоа зборот и им ги исклучија микрофоните кога се побунија против одлуката на Комисијата за верификација на Сенатот да ги верификува мандатите на десетте претставници на Студентскиот парламент при УКИМ (СПУКМ).
Пленумот се противеше на тоа Комисијата да ги верификува мандатите на претставниците на СПУКМ и покрај тоа што нивните мандати се истечени. Ректорот Стојковски тврдеше дека законски нема надлежност да интервенира во изборите за студентиски претставници.