Починале 375 штитеници за 22 години во Заводот во Демир Капија

by fokus 15:03
15:03

За 22 години во Заводот во Демир Капија починале 375 штитеници, соопштија денеска од Хелсиншки комитет.

Од Хелсиншки комитет информираа дека за време на нивната посета во Демир Капија, персоналот бил отворен за соработка со комитетот, кој бара Министерството за труд и социјална политика итно да преземе мерки.

-Од смртните случаи особено загрижува смртниот случај на еден штитеник чиј старател бил Центарот за социјална работа. Кај штитеникот биле забележани стомачни тегоби, по што тој почнал да повраќа измет. Персоналот одлучил штитеникот да биде испратен на снимање во Велес, но не бил откриен причинителот на тегобите, па штитеникот бил вратен во Демир Капија. Бидејќи повраќањето на измет продолжило, штитеникот бил испратен на третман во Скопје, но при транспортот со медицинското возило тој починал. По извршената обдукција во дебелото црево на штитеникот била најдена цуцла, што укажува на запоставеност од страна на вработените во специјалната установа, но и непрофесионалност при третманот во болницата во Велес, пишува во извештајот од Хелсиншки комитет.

Во оваа институција каде се згрижени лица со длабока ментална ретардација нема вработено ниту еден лекар, туку има само еден кој повремено ги посетува.

Поврзани новости