Освојувањето на Киев за 48 часа и „yes-mеn“ функционeрите на Путин

Руски медиуми по грешка објавија статија дека Киев паднал за 48 часа

by fokus

Имаше ли рускиот претседател Владимир Путин погрешни очекувања од воената инвазија во Украина, бидејќи е опкружен со „yes-men“ функционери околу себе? Односно, соработници кои не му ја кажуваат реалната состојба со цел да не му ја нарушат „среќата“ на лидерот. Но, и да се заштитат себеси.

Ова прашање се наметна откако и по еден месец од почетокот на она што Русија го нарекува „специјална операција“ украинската војска се уште дава голем отпор, а руските сили го немаат освоено главниот град Киев. Она што планираа да го направат за 48 часа.

„Го освоиме Киев“

Поранешната асистентка по руска надворешна политика и магистер по руска и источноевропка политика при Џорџтаун Универзитетот во Вашингтон, Ева Јованова вели дека има и докази дека планот на Русија бил дека Киев ќе падне за два дена.

Станува збор за статија објавена во неколку руски медиуми блиски до Кремљ неколку дена по влезот на руската војска во Украина.

Јованова објаснува дека статијата требало да биде објавена 48 часа по почетокот на инвазијата и според истата Русија извојувала победа над Украина.

Во статијата исто така стои и како Русија, Украина и Белорусија ќе се обединат во некојаси нова ера и заедно ќе ја креираат политиката кон Европа.  Статијата беше набргу избришана, но доволно ни кажува фактот дека таков напис бил потврден од РИА новости – руската државна новинарка агенција, вели Јованова.

Зошто Путин бил уверен дека Киев ќе биде освоен за 48 часа? Една од причините е и негово опткужување кое тој го гради внимателно и во кое место има само за лојални функционери.

Путин со своите најлојални соработници, министрите Лавров и Шојгу

Нетранспарентниот систем на Путин

Дека ваквиот исход барем делумно е поради тоа што Путин е опкружен со т.н. yes-man“ функционери се согласува и Јованова.

Многу генерали во последно време излегуваат и признаваат дека фалсификувале некои бројки на пр. за тоа колку војници имаат, или пак дека имаат исклучиво професионални војници во редовите на нивните баталјони, (додека имало и регрутирани војници). Ова значително може да го смени текот на една битка, вели Јованова.

Таа додава дека Путин, кој е и самиот нетранспарентен, има изградено доста нетранспарентен систем околу себе. И сега, сакајќи или не, се опкружил со луѓе кои повеќе сакале да го усреќат одошто да му соопштат некоја лоша вест, па сѐ повеќе на виделина излегуваат последиците од оваа мрежа на нетранспарентност.

К.С.Б.

 

Поврзани новости