Осветениот крст во Тетово го фати 21-годишниот Давид Дамјановски

by Fokus

Во соборниот храм „Свети Кирил и Методиј“ во Тетово, осветениот крст во црковниот базен го фати 21-годишниот Давид Дамјановски.

– По вторпат скокам по осветениот крст и за првпат успеав да го фатам. Посакувам Господ да дарува здравје, љубов и бериќет оваа година – рече Дамјановски.

Архиерејската литургијата, чинот на водосвет и положување на осветениот крст во црковниот базен ги изврши митрополитот г. Јосиф.

Поврзани новости