511
Протојереј Стеван Здравевски на вчерашниот протест пред Собранието изјави дека ќе се бори на сите начини за зачувување на името Македонија, па ако треба ќе земе и оружје во раце, објави телевизија Телма.
– Ние од црквата со молитва, но ако треба ќе земеме и оружје в раце и нема да седиме со скрстени раце. Ќе го браниме тоа што е наше и свето, што сме го наследиле од нашите предци, што треба да го оставиме на нашите поколенија – рече тој на вчерашниот протест откако премиерот Зоран Заев го објави договорот со Грција за решавање на спорот со името.