Освен Фајзер, во Македонија не се признаваат третите бустер дози од Србија

by Fokus

Освен Фајзер, третата бустер доза од Астра зенека, Спутник, Модерна, кинеските вакцини на сите пациенти кои се вакцинирале во Србија не им се признаваат во Македонија, неофицијално дознава „Фокус“.

Според нашите информации. министерството за здравство не издава повеќе потврди на оние граѓани кои одлучиле да се вакцинираат во Србија, а одлуката е донесена пред неколку недели . Тоа што е чудно е што првата и втората доза  беа без проблем признени, додека за третата доза не важат истите правила.

Нашите извори тврдат дека таква одлука е донесена по препорака на Комитетот за имунизација, а новиот министер Беким Сали дал зелено светло.

Пред неколку месеци, кога граѓаните се вакцинираа со втора доза, тоа не преставуваше никаков проблем, па дури имаа можност да се пријават за ревакцинација во Србија и на официјалната страница на министерството аа здравство Vakcinacija.mk.

Ваквите информации на „Фокус“ ги потврди и министерот Сали, кој тврди дека во Македонија се признава само трета бустер доза Фајзер за оние што се вакцинирале во Србија. Тој не објасни во детали зошто е донесена ваква одлука.

„Ние кај нас се вакцинираме со Фајзер, па така се признава само таа бустер доза од Србија. Не и другите со оглед на тоа што вакцинацијата не е задолжителна“вели првиот човек во здравството.

Многу од граѓаните уште откако во Македонија не беше почната официјалната вакцинација, се одлучија да се вакцинираат во Врање и Ниш, каде сами избираа со која вакцина ќе се имунизираат. Во тој период тоа не преставуваше проблем за здравствените власти.

Оттука се поставува прашањето-дали таквата одлука е донесена со оглед на тоа што во Македонија граѓаните се помалку се вакцинираат, па на тој начин ќе ги принудат третата доза да ја примаат тука.

Ирена МУЛАЧКА

 

 

 

Поврзани новости