Путин: Војната во Југославија е лош пример

by fokus

Руското Министерство за одбрана претходно денеска соопшти дека воените вежби на Крим завршиле, поради што армијата се враќа во базите.

„Единиците на Јужниот воен округ, по завршувањето на учеството во тактичките вежби, заминуваат на своите постојани места на распоредување“, соопшти Министерството, што значи дополнително распоредување на војници од украинската граница.

Русија вчера почна со повлекување на група војници од границата, додека претседателот Владимир Путин изјави дека нема да има војна.

-Кога станува збор за војна во Европа, тешко е да се замисли дека тоа навистина ќе се случи. Сведоци сме на многу војни во Европа иницирани од НАТО, како онаа во Југославија. Тоа беше огромна операција со проектили што го ранија Белград. Тоа е престолнина која се наоѓа во Европа, а тоа е многу лош пример“, рече Путин на прашањето на новинарите за потенцијална инвазија на Украина

Поврзани новости