Во изминатото деноноќие, пријавени се вкупно 8 починати лица како последица на ковид 19. Притоа, починати се 2 пациенти од Кочани (74, 70), а по еден смртен случај е регистриран од Скопје (76), Ресен (88), Кавадарци (77), Гостивар (70), Гевгелија (63) и Битола (65). Сите пациенти починале во болнички услови.
Истовремено, регистрирани се 264 оздравени пациенти од: Скопје – 111, Охрид – 66, Струга – 35, Куманово и Велес по 9, Берово – 6, Пробиштип – 5, Битола – 4, Кочани, Свети Николе, Крива Паланка и Радовиш по 3, Тетово, Штип, Кавадарци, Струмица, Кичево, Дебар и Кратово по 1.
Досега, во земјава се направени вкупно 470.691 тестирања, при што вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 94.798, бројката на оздравени пациенти е 83.999, на починати е 2.924, а бројот на активни случаи изнесува 7.875.