Бајден побара Вучиќ да го признае Косово, но доби негативен одговор

by Фокус

Американскиот претседател Џо Бајден на српскиот претседател Александар Вучиќ му го честиташе Денот на државноста на Србија, порачувајќи му дека САД ќе продолжат да ја поддржуваат Србија во европските интеграции, реформите и постигнувањето траен договор со Косово, кој, како што наведува Бајден, е фокусиран на меѓусебно признавање.

„Остануваме непоколебливи во поддршката на целта на Србија за европските интеграции и ве охрабруваме и понатаму да продолжите да преземате тешки чекори кон таа цел, вклучително и воведувањето на неопходните реформи и постигнување на сеопфатен договор за нормализација со Косово, кој е фокусиран на меѓусебно признавање“, стои во честитката на Бајден.

Вучиќ, пак, му се заблагодари на Бајден за честитката, но воедно порача дека веќе еднаш во Вашингтон истакнал дека не може да го признае Косово и во меѓувреме, како што нагласува, неговиот став не се променил.

-Добив честитка од претседателот Бајден. Ви благодариме за честитките. А што се однесува до меѓусебното признавање, тоа не е наведено во актот на ниедна светска организација. Ние разбираме дека ова е нова американска политика. Имаше обид тој термин да се наметне како нешто што требаше да го прифатиме како конечно решение во Вашингтон. Јас веќе еднаш кажав во лице што мислам за признавањето и мојот одговор нема да биде поинаков – изјави Вучиќ.

Поврзани новости