444
Основното јавно обвинителство од Гостивар отвори постапка против три лица осомничени за две тешки кражби.
Осомничените, од кои еден е државјанин на Република Македонија, а другите двајца се државјани на Косово, во вторникот со возило „фолксваген голф 4“ со косовски таблици се паркирале во близина на Градскиот пазар во Гостивар, по што пешки се упатиле кон пазарот и од задниот џеб на едно лице украле паричник со лични документи и банкарска картичка.
Истиот ден, од друго оштетено лице одзеле паричник во кој имало околу 5.000 денари, две картички од трансакциски сметки и други лични документи. При обидот да избегаат, се забележани и сопрени од полициски службеници.
По предлог од надлежниот јавен обвинител одреден им е притвор во траење од осум дена.