312
Осум лица се пронајдени мртви во изгорена куќа во предградието на Тулса во американската сојузна држава Оклахома, а полицијата истражува дали се работи за повеќекратно убиство.
Пожарот избил вчера во мирното предградие Броукен Ероу. Според тамошната полиција, иако се истражуваат околностите како дошло до смртта, вклучувајќи ја и можноста за потенцијално убиство, се верува дека не постои непосредна закана за јавната безбедност.
Како што појасни портпаролот на полицијата Итан Хачинс, очевидци наведуваат дека во куќата живеело осумчлено семејство, две возрасни лица и шест деца, но, нивните тела засега не се идентификувани.