Осум „Грин Машинс“ возила на „Брако“ тргнаа за Велика Британија

by fokus

Осум електрични возила за одржување хигиена во урбана средина тргнаа од „Брако“ за Велика Британија и во следните денови ќе бидат испорачани до нивните корисници.

Осумте машини се изработени во фабриката „Грин Машинс“ во склоп на „Брако“, во специјална, нестандардна изведба според желбите и потребите на нарачателите и се испорачани во рекордно време од неполни три месеци.

Нарачатели на возилата се општини во Лондон и Глазгов, кои од светската понуда избраа македонски производ за одржување на јавната хигиена на улиците на овие два града.

Британските комунални служби покажуваат голем интерес за возилата „Грин Машинс“, што се покажа и на последниот саем во Бирмингам, каде над 30 британски општини беa заинтересирани за перформансите и подетална демонстрација на возилата произведени во Велес.

ПР текст

Поврзани новости