ВМРО бара власта да се прифати нивниот предлог за Законот за енергетика, па потоа да се гласа задолжувањето во ЕБОР

by fokus

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска достави барање до Собранието за одржување итна седница за предлог-законот поднесен од ВМРО-ДПМНЕ кој се однесува на Законот за енергетика, соопшти денеска координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски на прес-конференција во Собранието.

Според Мицевски, Владата препишала делови од предлог-мерките што тие како ВМРО-ДПМНЕ ги понудиле.

– Она што Ковачевски го презентираше не е доволно. Во мерките кои Ковачевски ги презентираше слушнавме дека ќе добиваат поевтина електрична енергија образовните и јавните здравствени установи, но случајно или не, ги изостави воодстопанските и комунални претпријатија кои поради виоските цени на електрична енергија имаа проблем со ликвидноста и може да доведе до повисоки сметки на домаќинствата и стопанството, рече Мицевски.

Тој нагласи оти бараат целосно, а не парцијално прифаќање на нивниот предлог.

– Со предлог-законот за енергетика што ВМРО-ДПМНЕ го поднесе, опфатени се и водоводните и комунални претпријатија кои имаат огромни трошоци за електрична енергија. Ако СДСМ, Владата и Ковачевски навистина се грижат нека го поддржат нашиот закон за енергетика, потенцира Мицевски, додавајќи оти со тоа директно ќе им олесни на граѓаните да не дојде до поскапување на услугите поврзани со водоснабдувањето.

Според Мицевски има условување од страна на премиерот Ковачевски во однос на денешната седница за пратенички прашања со четирите предлог закони, односно она што вчера било понудено – законот за енергетика од Владата, кој, како што посочи Мицевски, не е стигнат во Собранието, законот за нафта и нафтени деривати кој исто така не е стигнат и кризните состојби и задолжување во ЕБОР.

– Ајде прво да ги изгласаме овие измени на законот, па потоа да ги изгласаме и задолжувањето кај ЕБОР и сите оние конфузни предлог мерки кои што ги слушнавме во текот на вчерашниот ден. Дали од незнаење или поради конфузност односно брзање да се одржи вчера таа прес-конференција за предлог мерки, премиерот навлезе во ингеренциите на Собранието, односно на претседателот Талат Џафеери. Од она што денеска го гледам, бидејќи не беше закажана нова седница пред пратенички прашања, сметам дека Талат Џафри успеал да се избори над притисокот на Владата, односно деловнички загарантираната обврска на пратениците, а тоа е одржување на пратенички прашања секој последен четврток во месецот да остане зашто навистина Владата има што да одговори на прашањата и ќе бараме дополнителни одговори, посочи Мицевски.

Поврзани новости