Осум дена притвор за Марјан Стаменковски – Доказ

by Fokus

Осумдневен притвор доби Марјан Стаменковски – Доказ, откако скопското јавно обвинителство претходно го осомничи за неколку дела.

Против осомничениот во Основното јавно обвинителство Скопје се води постапка, бидејќи постои основано сомнение дека преку веб портал во негова сопственост, како средство за извршување, сторил повеќе кривични дела: две кривични дела – Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем од чл.394-г. ст.1 од КЗ, едно кривично дело – Уцена од чл.259 ст.1 в.в.чл.19 од КЗ, едно кривично дело – Пиратерија на аудиовизуелно дело од чл.157-б ст.2 вв ст.1 од КЗ и кривично дело – Злоупотреба на лични податоци од чл.149 ст.1 од КЗ, информираат од Обвинителството.

Оттаму појаснуваат дека претресот бил извршен по поднесени пријави од граѓани.

-Предметот беше оформен по поднесени кривични пријави против осомничениот од повеќе жртви во текот на 2022 и од почетокот на 2023 година, а во врска со објавени содржини на веб порталот во негова сопственост. Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје во целиот наведен период преземаше интензивни истражни дејствија со кои беа обезбедени доволно докази кои даваат основано сомнение дека пријавениот ги сторил кривичните дела, информираат од обвинителството.

 

Поврзани новости