Спасувачите од БиХ извлекоа уште две лица од урнатините, 107 часа по земјотресот

by Fokus

Уште две лица беа спасени денеска од урнатините на петкатна зграда во Искендерун, во турската провинција Хатај, дури 107 часа по разорните земјотреси што во понеделникот го погодија јужниот дел на Турција.

Во нивното спасување учествувал и спасувачки тим од Босна и Херцеговина, јави Анадолија.

Бројни спасувачки екипи продолжуваат со потрагата и спасувањето во Хатај. Спасувачите слушнале гласови под урнатините на зградата за време на денешната спасувачка операција.

Откако утрово извлекле шестмина преживеани, спасувачите добиле информација дека под урнатините останале уште двајца членови на семејството и веднаш ги интензивирале напорите за да ги спасат луѓето. По огромни напори успеале да ги извлечат од урнатините.

Поврзани новости