Судија на претходна постапка, по барање на јавниото обвинител, им одреди мерка притвор на четворица од демонстрантите, кои завчера протестираа против случајот Мартин Нешкоски.
„Во Основниот суд Скопје 1 – Скопје, во текот на вчерашниот ден, беа спровоедени 4 лица со предлог од Основното јавно обвинителство за определување на мерка притвор за кривичното дело Учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие по член 384 ст. 1 од КЗ, а поврзано со протестите кои на 05.05.2015 година се одржаа пред зградата на Владата на Р.М. Судија на претоходна постапка при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, по извршениот увид на фактите и доказите кои јавниот обвинител ги предложи заедно со предлогот за определување на мерка притвор за лицата Б.Т., С.П., А.Т. и Б.Ј., од кои произлегува основано сомнение за кривичното дело Учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие по член 384 ст. 1 од КЗ, оценил дека се исполнети условите согласно одредбите од ЗКП и им одреди мекра притвор во траење од 8 дена, сметано од 05.05.2015, информираат од Кривичниот суд.