Европската народна партија (ЕПП) итно подготви драфт резолуција за земјите од Западен Балкан меѓу кои и Македонија, која деновиве ќе биде усвоена во Малта.
Од извори во Европскиот парламент НОВА дознава дека во оваа резолуција се наоѓаат и директни пораки до лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски кои и во живо ќе му бидат пренесени во Малта од страна на европските лидери. Една од овие пораки е дека етничките провокации и било кое однесување кое може да ја наруши стабилноста и мирот се неприфатливи.
-Инсистираме на воздржување од етнички провокации и ги осудуваме сите провокации и агресивно однесување кое претставува закана за стабилноста и мирот, имајќи на ум дека мирот не може ниту да се гради, ниту да се одржува ако е базиран на националистичка, популистичка и радикална реторика. Апелираме дека вадењето на контроверзи од минатото нема да им помогне на земјите во регионот да се движат напред по нивниот европски пат, туку популизмот и национализмот само ќе ги деконцентрира- е една од клучните пораки во резолуцијата.
Инаку, на Конгресот во Малта присуствува и Никола Груевски, кој меѓудругото, ќе треба да гласа резолуција против руското мешање и руската пропаганда, во земјите Западниот Балкан.