Жбогар: Јасно и гласно кажавме кој е патот кон ЕУ

by fokus

Големата поддршка од македонските граѓани ја мотивира Европската Унија и ја обврзува да зборува гласно и јасно за патот до што побрзо членство во друштвото, порача денеска евроамбасадорот Самуел Жбогар.

-Како најголем донатор, ЕУ има инвестирано милиони евра во разни области. ЕУ и нејзините земји- членки, покрај тоа што се најголеми инвеститори, се исто така најголеми трговски партнери, оттаму и најголеми создавачи на работни места во земјата. Големо мнозинство од граѓаните ја признаваат и ценат нашата вклученост и големо мнозинство на луѓе ја гледаат својата иднина во семејството на ЕУ. Ова не само што нé охрабрува туку и нé обврзува да зборуваме гласно и да бидеме јасни за тоа кои се патиштата кои нé водат кон најблиско партнерство и на крај кон членство- порача Жбогар, амбасадорот на ЕУ во Скопје на отворањето на изложбата „Уште поблиска Унија“ по повод 60 години од Договорот во Рим во самонот на Македонската опера и балет (МОБ).

Инаку, европратениците кои се медијатори во Македонија за излез од кризата, во сите свои настапи ги повторуваат јасните пораки од ЕУ, односно дека мандатот за состав на влада треба да му се додели на СДСМ со партиите кои обезбедија мнозинство во парламентот.

Поврзани новости