Осудените во „Ровер“ повторно ќе се жалат пред Апелација

by fokus

Откако денеска, по втор пат, беше донесена првостепена пресуда за случајот „Ровер“, според која обвинетиот Љубе Бошкоски доби казна затвор од 10 години и шест месеци, а останатите казни се движеа од пет годиини и шест месеци до доживотен затвор, одбраната најави дека и оваа пресуда ќе биде обжалена пред Апелациониот суд.

Адвокатите на Бошкоски, Валдимир Ракочевиќ и Константин Кртовалиев сметаат дека пресудата од 10 години и шест месеци за помагање на убиство е неоснована. Според Ракочевиќ судот во повторената постапка не утврдил кривична одговорност за Бошкоски, а проблем, според него е и заштитениот сведок врз чие сведочење се донесени пресудите во случајот „Ровер“. Со првата пресуда, која падна на Апелација, екс министерот Бошкоски беше осуден на 12 години затвор.

-За овој случај судот требаше да донесе ослободителна пресуада. Во обвинителниот акт не содржи објаснување за помагање а кога нема опис на кривично дело за помагање, судот е должен да донесе ослободителна пресуда“, рече Ракочевиќ.

Неговиот колега, Кратовалиев, пак објасни дека од професионален аспект не може да ја разбере одлуката на судот. Надеж за ослободителна пресуда гледаат во Апелација.

-Ослободителната пресуда во овој момент се наоѓа рацете на Апелациониот суд и неговата принципиелност. Оние препораки кои ги даде Апелација делумно не беа испочитувани од друга страна не беа приложени нови докази и сега имаме нова теорија и пресуда изречена на истите докази“, рече Кратовалиев.

Доколку Апелација повторно одлучи да ја укине пресудата и да го врати предметот на повторно судење, тогаш истото ќе се изврши пред нов, односно изменет судечки совет.

Иако обвинетите во „Ровер“ побараа до правосилноста на пресудата да се на слобода, бидејќи повеќе од две години се зад решетки, судечкиот совет на ниту еден од нив не му го укина притворот.

Покрај Бошкоски, тројцата првообвинети за убиството на Маријан Тушевски и Киро ЈаневПредраг ЧубрилоМилан Илиќ и Милорад Ковачевиќ  повторно добија казна доживотен затвор, а Вук Вукичевиќ овој пат е осуден на 15 години затвор.

Казни затвор добија и останатите обвинети, кои за разлика од првостепената пресуда се пониски бидејќи овој пат, судот утврди дека ниту кај Бошкоски, ниту кај останатите, не вклучувајќи ги првите тројца обвинети, немало умисла за помагање на убиството на Јанев. Првиот човек на обезбедувањето на Бошкоски, инспекторот Зоран Трајковски доби осум години и шест месеци, по седум добија Сашко Јовановски и Ивица Ристиќ, а по пет години и шест месеци Гоце Митревскии Никола Негриевски.

Додека судијата Илија Трпков ја образложуваше пресудата, напомена дека станувало збор за сериозен кривично правен настан, а неколку пати истакна и дека процесот се водел пред очите на јавноста, алудирајќи на транспарентност. Судијата додаде и дека и покрај навредите и заканите што ги добивале од еден од обвинетите, успеале да го задржат нивото.

Поврзани новости