Мијалков отштетата од „Фокус“ ја донирал во домот за деца без родители

by Фокус

Директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков ги донирал 6.000 евра што ги доби како отштета од судскиот процес против „Фокус“ на Домот за деца без родители. „11 Октомври“ од Скопје, јавуваат медиумите.

Парите легнале на сметката на домот пред два дена и како што јавуваат медиумите од Домот за деца без родители му се заблагодариле на Мијалов за донацијата.

„Фокус“ плати вкупно 9.300 евра за отшетата и за сите трошоци околу судскиот процес кој директорот на УБК го иницираше откако во дневниот „Фокус“ објавивме изјави од поранешниот амбасадор на Македонија во Прага, Игор Илиевски.

Поврзани новости