425
Двајцата првообвинети и осудени на доживотен затвор во случајот „Монструм“, Африм Исмаиловиќ и Алил Демири, се ослобдени од затворот во Приштина уште пред Нова година. Македонија бараше тие да бидат екстрадирани во земјава, но косовскиот суд нема одговорено на барањето.
Весникот Коха повикувајќи се на свои извори објави дека екстрадицијата била одбиена поради тоа што косовските власти процениле дека од Македонија не добиле доволно цврсти докази за кривичните дела за кои двајцата се гонат.
Демири и Исмаиловиќ во Македонија се осудени на доживотни затворски казни, како првообвинети за петкратното убиство што се случи во април 2012 година, кај Смилковско езеро во близина на Скопје.