Заев немаше простор да одговори, Латас сакаше да се клади

by Фокус

Гостувањето на лидерот на опозицијата Зоран Заев на вестите на Сител наликуваше на расправија меѓу гостинот и домаќинот Драган Павловиќ – Латас, кој не му оставаше простор на Заев да одговори на прашањата.

Како дел од прашањата, Латас велеше дека Заев не е СДСМ, туку е изрод. Претседателот на СДСМ се обидуваше да дојде до збор за да одговори на обвинувањата, но уредникот продолжуваше со нападите и личните дискредитации. На неколкупати Латас му нудеше на Заев да се кладат доколку уредникот на Сител го тужи лидерот на СДСМ и добие, Заев да му даде џип.

-Вие во вашата партија немате демократија. Доаѓате како шеф на партија и прво што правите го менувате Статутот. Кој стои позади вас?, беше едно од прашањата на Латас.

Лидерот на опозицијата рече дека зад него стојат  оние кои ја чекаат слободата во Македонија и дека во Македонија ќе се случи правда. Заев повтори дека избори на 24 април биле дел од Договорот во Пржино, како што дел од Договорот бил и прочистен Избирачки список и регулација на медиумите, кои не се исполнети.

 

Поврзани новости