Осуден полициски началник на Спасовски за предизборни притисоци

by Fokus

Политичкиот притисок и злоупотребите на полицијата во изборни цели при последните локални избори почнаа да излегуваат на површина, реагираат од опозициската ВМРО=ДПМНЕ.

„Ова е копија на судски документ во којшто стои дека еден од првите луѓе на Оливер Спасовски, Владимир Ристов – познат како Камењар, – Началник на единицата за економски криминал, заедно со уште тројца негови колеги, креирале полициски случај и ја злоупотребиле својата положба врз кандидат за градоначалник којшто не е од СДСМ. Ристов, познат близок соработник на Оливер Спасовски е осуден за несовесно работење по член 353 од КЗ“, тврди портпаролот Наум Стоилковски.

Според него, документот од Основниот кривичен суд Скопје докажува дека Оливер Спасовски ја злоупотребува својата позиција и наместо да се бори со изборни нерегуларности, неговите луѓе работат по партиска насока за притисоци и креирање недемократска атмосфера за политичките противници на СДСМ.

Владимир Ристовски – Камењар е познат на јавноста по спектакуларните затворања на угостителски локали коишто не се блиски до оние каде што редовно уживаат самиот тој заедно со Оливер Спасовски. Ова е судски документ којшто открива многу повеќе од тоа што СДСМ и Оливер Спасовски сакаат од го сокријат од јавноста.  Овој документ покажува класична злоупотреба и партизација на полицијата за којашто укажувавме во време на изборниот период. Овој документ покажува дека се кршат основните столбови на демократијата во заштита на криминалот и корупцијата“ вели Стоилковски.

 

Поврзани новости