ОН: Во Украина убиени 1.276 цивили

by Fokus

Од почетокот на рускиот напад врз Украина до 31 март загинаа 1.276 цивили, соопшти канцеларијата на Високиот комесаријат за човекови права во Женева (ОХЦР).

„ОХЦР верува дека бројот на убиени е многу поголем, а информациите од некои области каде што се водат интензивни борби доцнат и многу податоци чекаат потврда“, се вели во документот на ОН.

Агенцијата при ОН наведува дека повеќето луѓе загинале од експлозивни направи, поточно гранатирање и ракетирање.

Меѓу нив има 260 мажи, 184 жени, 36 момчиња, 18 девојчиња, додека полот на 61 дете и 717 лица се уште не е познат.

Потврдено е и дека досега се ранети 1.981 цивил

Поврзани новости