Остин: Пораз на Украина би довел до војна на НАТО против Русија

by Fokus

Пораз на Украина би довел до војна на НАТО со Русија. Ова го изјави шефот на Пентагон – Лојд Остин на синоќешното сослушување во американскиот Конгрес.

Тој изрази увереност дека претседателот на Русија – Владимир Путин „нема да запре“ во обидите „да ги зграби суверените територии на своите соседи“.

Според него, балтичките земји се длабоко загрижени дали тие ќе бодат следните.

– Тие гo знаат Путин, знаат на што е тој способен. И, искрено говорејќи, ако Украина претрпи пораз јас навистина сметам дека НАТО ќе војува со Русија – истакна тој.

Шефот на Пентагон повика да се продолжи со поддршката за Киев – во спротивно, НАТО „ќе застане на многу опасен пат“.

– Нашите сојузници се вознемирени од сигналот што го испраќаме недавајќи поддршка на Украина. Тоа исто така го поткопува моралот на украинската војска – изјави Остин.

Поврзани новости