Обвинителство бара подолга затворска казна за Дани Алвеш

by Fokus

Шпанското обвинителство е подготвено да поднесе жалба на пресудата за Дани Алвеш и повторно да побара построга казна за поранешниот фудбалер кој беше осуден на четири и пол години затвор за силување.

Пресудата беше донесена 15 дена по завршувањето на судењето, а на 22 февруари Дани Алвеш беше осуден на четири и пол години затвор за силување на млада девојка што се случи во декември 2022 година.

Освен тоа, Алвеш добил наредба да и плати на жртвата 150.000 евра.

Обвинителството првично бараше казна затвор од 9 години, додека адвокатите на Алвеш побараа казна до 1 година и ослободување на нивниот клиент бидејќи тој веќе ја „одлежал“ таа една година од моментот кога е уапсен.

Адвокатите на жртвата на Алвеш побараа тој да биде осуден на 12 години затвор.

За време на сослушувањето Алвеш изнесе дури пет различни верзии за настанот, бидејќи изјавил дека се сеќава на се, но цело време инсистирал дека бил под силно дејство на алкохол.

Различни извори наведуваат дека одбраната особено инсистирала на тоа, знаејќи дека доколку судијата ја смета опиената состојба на Алвеш како олеснителна околност, казната не може да надмине 6 години.

Поврзани новости