Премиерот Емил Димитриев ги прифати оставките на министрите од ДУИ и согласно процедурата тие се испратени до Собранието на Македонија. Право на политичката партија ДУИ е кои лица ќе ги повлече од позициите за министри и кои лица ќе ги определи и достави како предлози за избор на министри и, за овој процес се во тек консултации. Од страна на ВМРО-ДПМНЕ до Владата нема пристигнато најави или информација за промени на министрите од редовите на партијата и коалицијата за Подобра Македонија која ја предводи, објави Телма.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска во Струмица потврди дека нема да има промени во министерскиот состав на неговата партија, бидејќи, реќе, кусо е времето. Но нагласи дека промени ќе има во идната Влада. Според СДСМ станува збор за уште една политичка игра на владините партнери ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.
– Тоа е работа што ја договараа ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, не очекувам ништо спектакуларно, туку замена на министри и привид дека се менуваат, изјави во Штип Оливер Спасовски, генерален секретар на СДСМ.