576
Оставката на премиерот Зоран Заев предизвика шок кај сите нас, истакна новиот градоначалник на скопската општина Центар, Горан Герасимовски за Утрински брифинг.
„Тоа е негова лична одлука, иако голем дел од нас не се согласуваат со неа. Во партијата нѐ очекуваат внатрепартиски избори, но не треба да се брза за да не настанат грешки во носењето одлуки. Потребно е време да се смират страстите. Сега е сменет статутот и претседателот се бира со гласање и затоа треба добро да се организира овој процес, вели Герасимовски.