Оставката на поротничката не го блокираше “Монструм”, само формално почна од почеток

by fokus

Денешното рочиште за случајот “Монструм” почна од почеток, бидејќи една од поротничките, која беше и во судечкиот совет за “ТНТ”, си даде оставка.

На местото на поротничката е назначена нова, а заменета е и уште една поротничка, бидејќи и неа  истекува мандатот. Судот обезбеди и резервна поротничка.

Откако одбраната даде согласност да не се чита одново обвинението и повторно да не се изведуваат доказите, рочиштето само формално почна од почеток, а за 5 минути продолжи таму каде што и претходно застана.

Адвокатот Насер Рауфи повеќе не е адвокат на бегалците Алил Демири и Агим Исмаиловиќ, на кои им е назначен адвокат по службена должност, Милица Гроздановска.

В.В.

Поврзани новости