Оставка си поднесе и претседателот на УМС Карпош

by fokus

Откако денеска оставка си поднесоа претседателот на УМС, Лука Кржалоски и претседателот на Градскиот комитет на УМС, Томи Кепевски, истото го направи и претседателот на УМС Карпош, Јован Никушевски.

-Почитувани пријатели, Ве известувам дека си поднесувам НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА од функцијата Претседател на УМС ВМРО-ДПМНЕ Карпош.
Прифатив да бидам на оваа функција верувајќи во идеите за просперитетно ВМРО-ДПМНЕ, прогресивна УМС и Европска Македонија.
Навредите, говорот на омраза, отровот кој беше меѓу сите нас ,не одалечи и не изолира од нашите стратешки цели.
Отанувам ВМРО-ДПМНЕ, борбата за Европска Македонија нема да запре тука.Сакам да се заблагодарам на целиот тим на УМС Карпош.
Без силна младина нема иднина!
Подршка и целосно застанувам зад Лука Кржалоски.
За Македонија да оди напред !
Да живее ВМРО !
Да живее Македонија !
Да живее УМС !, напиша Никушевски.

Поврзани новости