Премиерот Зоран Заев вечерва пред седиштето на партијата изјави дека прво што ќе му порача на новиот лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски е да ги чува вредностите на партијата.
-Тоа се слободата, солидарноста, демократијата, еднаквста и да го чува демократскиот капацитет и потенцијал, затоа што преку оваа партија и е потребен на државата. СДСМ е една од најголемите државотворни партии кои што во сите овие 30 години независност ја одигра својата државничка улога. Аманетот е да победува на следните избори, за да може и СДСМ и своите вредности да бидат уште повеќе имплементирани, рече Заев во изјава за ТВ 24.
Тој верува дека еден од првите успеси на Ковачевски како нов премиер на земјата, ќе биде одржувањето на првата Меѓувладина конференција меѓу земјава и ЕУ.