Додека се верува дека резервите за животна поддршка сега се при крај, ко-основачот на компанијата што управува со исчезнатата потопница Титаник вели дека верува оти експертизата на екипажот ќе го прошири „прозорецот на располагање“ за спасување.
Гилермо Сонлајн во изјава за „Си-Ен-Ен“ прецизираше дека зборува во свое име, а не од име на компанијата, „OceanGate“.
Тој рече дека извршниот директор и ко-основач на OceanGate, Стоктон Раш, кој се наоѓа на подморницата, и остатокот од екипажот „сфатиле пред неколку дена дека најдоброто нешто што можат да направат за да го обезбедат нивното спасување е да ги прошират границите на тие резерви со опуштање колку што е можно повеќе.”
Врз основа на експертизата на членовите на екипажот, „прозорецот на располагање“ за спасување е подолг од „она што повеќето луѓе мислат“, рече Сонлајн.
Четврток ќе биде „критичен ден во оваа мисија за пребарување и спасување“, додаде тој.
„Продолжувам да се надевам на мојот пријател и на остатокот од екипажот. Би ги охрабрил сите да останат со надеж за безбедно враќање на екипажот“, рече Сонлајн.
Времето е од суштинско значење: Количината на кислород на исчезнатата подморница, на која има пет луѓе, станува витално прашање, изјавија експертите за Си-Ен-Ен.
Подморницата Титан, која го започнува секое патување за истражување на остатоците од Титаник со околу 96 часа животна поддршка, исчезна од неделата наутро, а четвртокот наутро беше како клучна цел за пронаоѓање на бродот и оние што се во него.
Пензиониран капетан на морнарицата, за Си-Ен-Ен рече дека екипажот би знаел да го зачува кислородот така што ќе се одмори и ќе остане што е можно помирен.