902
Уставниот суд денеска одлучи дека поништената аболиција на поранешниот претседател, Ѓорѓе Иванов е законска и уставна, пренесува Сител.
Пет гласа „за“ и три „против“, судиите одлучија дека помилувањето кое го повлече екс претседателот останува на сила. Со оваа одлука, на обвинетите во предметите на поранешното СЈО продолжува да им се суди.
Во 2016 година, тогашниот прв човек на Македонија, Иванов аболицираше 56 лица, а потоа ја поништи аболицијата.