Забавната манифестација „Златна бубамара на популарноста”, која ќе се одржи на 16-ти март во Спортска сала „Борис Трајковски“ со почеток од 20 часот, годинава е под мотото – „Да наполниме батерии под скапа тарифа“.
Од организацијата информираат дека останале уште 300 билети за 26-то издание на настанот на кој сатирично ќе биде прераскажана изминатата година, но и ќе бидат наградени најголемите уметници од земјава и регионот.
– Во ова време на енергетска, инфлaциска, морална и духовна криза, `Златна бубамара` повикува да се забавуваме во музички ефикасна тарифа и да се арчиме за убаво расположение – повикуваат и најавуваат незаборавна претстава од три часа, за секој посетител на секое седиште традиционално ќе имало шише Пролом вода и ветување дека сите ќе се вратат дома пред да бидат исклучени уличните светилки.
Вики Клинчарова