Принцот Вилијам за Денот на вљубените и подарил бисерен ѓердан на љубовницата?

by Fokus

Британското кралско семејство во последните неколку месеци ги полни медиумските колумни и погледите на јавноста се насочени кон тоа, со веста за смртта на Елизабета Втора, за преземањето на нејзиниот престол, но и со книгата и документарен филм објавен од принцот Хари кој ги предизвика најновите скандали.

Во последните денови повторно се појавија бројни гласини кои укажуваат на криза во бракот на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, бидејќи локалните медиуми пишуваат дека тој оваа година Денот на вљубените принцот го поминал со својата наводна љубовница, Роуз Ханбери.

Роуз е позната по блиската врска со Кејт, но британските таблоиди тврдат дека Роуз и Вилијам се гледаат во тајност.

Тие беа фотографирани заедно за првпат во 2019 година на забава, по што се појавија гласини дека принцот и бил неверен на својата сопруга за време на нејзината трета бременост.
Сето тоа предизвика бурни реакции во палатата и Кејт побара од Вилијам да ја отстрани од кругот на блиски пријатели.

Но, британските медиуми деновиве пишуваат дека тој го поминал Денот на вљубените со неа. Тие наводно биле на романтична вечера, а биле видени во луксузен италијански ресторан во Лондон.

Според келнерот во ресторанот, Вилијам на Роуз и подарил бисерен ѓердан.

Роуз е стара познаничка на британското кралско семејство, кој во 2009 година се омажи за седмиот маркиз од Чолмондели, Дејвид Роксаваџ, кој е 23 години постар од неа.

Нивната венчавка се одржа само два дена откако таа објави дека чекаат близнаци и се е направено во голема брзање. По десет години брак и три заеднички деца, Роуз и Дејвид се разведоа во 2019 година, токму кога почнаа гласините за нејзината врска со принцот Вилијам.

Сепак, колумнистот на Дејли Мејл – Ричард Кеј, кој е стар пријател на принцезата Дијана, истата година нагласи дека гласините се само лажни вести и дека Кејт и Роуз се во добри односи.

„Ми кажаа дека гласините за расправија меѓу овие две атрактивни млади жени се лажни“, напиша тогаш Ричард и тие избраа да ја игнорираат целата ситуација.

Поврзани новости