Осомничените во „Труст“ на распит за проневера на 17 милиони евра

by fokus

Осомничените во случајот „Труст“ денеска се очекува да се појават на распит во Кривичниот суд.

Во предметот „Труст“ осомничени се три физички и три правни лица, меѓу кои и управителите на фирмите „Трансмет“, „Силекс“ и „Вато“ ДООЕЛ од Студеничани за учество на тендер на Електрани на Македонија.

Според истрагата на СЈО осомничените се товарат дека на незаконски начин оствариле профит од 17 милиони евра.

Според СЈО станува збор за злоупотреби сторени на тендер на АД Елем за ископ на јаловина и јаглен во Суводол објавен на 7 октомври 2011 година, а како осомничени се јавуваат сопственикот на  „Трансмет“ Сеат Кочан, директорот на „Силекс ДОЕЛ“ Василије Авировиќ и управителот на фирмата „Вато“ од Скопје, Сафет Ватиќ, како и самите компании. Овие лица на тендерот на ЕЛЕМ дале лажни податоци за поседување техничка опрема и кадровска екипираност. И покрај приложената невистинита документација, Комисијата за јавни набавки на ЕЛЕМ го избрала овој конзорциум како најдобар понудувач и сите пари досега се исплатени и покрај тоа што е злоупотребена постапката.

Имено, компанијата „Трансмет“ како доказ за сопственост на механизација преку управителот доставила невистината документација за механизација која ја нема, или била со помал капацитет, но и невистината документација за кадровска екипираност. Доказите упатуваат дека второсомничениот  „Силекс“, како доказ дека тоа лице поседува опрема доставил невиситната документација за сопственост преку продожба на две компании ќерки на „Силекс“. Третоосомничен Вато доо Студеничани, исто така доставил лажна документација и прикажал дека механизацијата е мобилна, иако била статична и со помал капацитет.

Обвинителката Фатиме Фетаи вчера обелодени дека истрагата е иницирана од три телефонски прислушувани разговори, од кои два не и’ се познати на јавноста.

Поврзани новости