384
Основното јавно обвинителство информира дека утрово спровело акција во општина Струмица во рамки на предистражна постапка поврзана со кривични дела против гласањето и изборите. Во рамки на акцијата биле одземени два општински компјутери и на разговор биле повикани повеќе лица, претежно гласачи, но и вработени во општината.
Од Обвинителството соопштуваат дека се прибирале материјални докази неопходни за утврдување на фактичката состојба при спроведување на претседателските и парламентарните избори во 2014 година.
Инаку, еден од обвинителите при Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција е и Јован Илиевски, баџанак на поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков.