Основните училишта треба да планираат антикорупциски наставни содржини

by fokus 18:51
18:51

Владата на денешната седница го задолжи Министерството за образование и наука во соработка со Бирото за развој на образованието со допис и оваа учебна година да ги извести сите основни училишта за потребата да планираат антикорупциски содржини во своите годишни програми.

Владината прес-служба соопшти дека е донесена Информација за активностите во насока на имплементација на клучните мерки под димензијата Антикорупција од Стратегијата за Југоисточна Европа 2020 и се очекува во учебната 2019/2020 година училиштата да ги реализираат планираните активности од нивните годишни програми за работа кои се однесуваат на активности поврзани со антикорупциската едукација на учениците.

- Advertisements -

Поврзани новости