85
Вчера ОУ „Димо Хаџи Димов“ во скопско Влае се случил инцидент откако тинејџер кој посетува настава во училиштето, нападнал неколку различни групи на соученици, како и една наставничка, која подоцна со амбулантно возило била однесена во болница.
Насилниот ученик најпрвин нападнал неколку деца, а кога наставничката сакала да ги раздели тој ја турнал на земја и ја удирал по глава.
Според привичните информации, детето и претходно правело проблеми.
Ученикот е на возраст под 14 години и не може кривично да одговара. Известени се надлежните институции за социјални работи. Случајот и инцидентот се пријавени во полициската станица во Карпош.