До Кривичниот суд не е доставена никаква одлука од страна на Апелациониот суд Скопје со која предметот се презема од СЈО. А таква одлука до овој суд не доставило СЈО, реагираа денеска од Основниот суд Скопје 1.
Ова следува откако вчера од СЈО обвинија дека Основниот суд Скопје 1 го крши законот затоа што за новинарот Божиновски, бара мислење од Обвинителството за организиран криминал и корупција наместо од нив.
-Мислење е побарано онака како што налага законот, односно од обвинителот што го поднел обвинението и се легитимирал во постапката. Сите информации што беа објавени за наводното „кршење на законот“, судот ги отфрла целосно како невистинити, неточни и тенденциозни со цел јавноста да добие искривена слика за законското постапување на судот и недоразбирањето на двете обвинителства околу нивните надлежности и лоша намера во сето ова да се вовлече Кривичниот суд пред кој постапуваат странките во постапкат- се вели во реакцијата на Основниот суд Скопје 1 – Скопје.