ДОМ: Бришењето на 30 000 гласачи нема да го прочисти Избирачкиот список

by fokus

Од партијата за Демократска обнова на Македонија сметаат дека со бришењето на спорните записи од листата на ДИК нема целосно да се прочисти Избирачкиот список, но веруваат дека ќе се зголеми довербата на граѓаните. Од ДОМ истовремено додаваат дека тие 30 илјади спорни гласачи кои не се пријавија, биле доказ дека Избирачкио список има фантоми.

-Новата власт по изборите ќе мора да покаже политичка волја и професионалност и да ја доврши работата со прочистувањето на Избирaчкиот список. Потсетуваме дека првично ДИК со консензус оцени дека има 330.000 спорни гласачи на списокот- стои во соопштението на ДОМ.

Од ДОМ се сомневаат дека во листата со спорни гласачи власта намерно ставила луѓе кои по ниедна основа не се спорни, со цел да се исмее потребата за прочистување на списокот и тврдењето на опозицијата дека има “фантомски” гласачи.

Поврзани новости