Brainster Кариера: Нова платформа која ги поврзува барателите на работа со работодавачите

by fokus

Стартуваше новата онлајн платфрома Brainster Кариера преку која талентите може да се поврзат со нивните потенцијални работодавачи, односно иновативните компании.

Оваа платформа на едно место  нуди кариерно советување, идентификување на потребите за доедукација, како и директно поврзување со компаниите кои имаат потреба од таленти.

Платформата е едноставна и целосно бесплатна за користење. Најпрвин, компаниите ги објавуваат своите отворени работни позиции во една од следните категории: технологија, маркетинг, дизајн, бизнис, пракси и remote. Од друга страна пак, посетителите се регистрираат на категориите кои се совпаѓаат со нивните интереси.  Сите регистрирани посетители на својот мејл еднаш неделно ќе добиваат листа на отворени позиции во категоријата која ја одбрале.

Поврзани новости