Основен суд: СЈО јавно ги линчува судиите

by fokus

Основниот суд Скопје 1 денеска реагираше на вчерашното соопштение во кое СЈО обвини дека Судот не им дозволува да вршат претреси кај високи фукнционери. Според Судот, СЈО не ги доставило соодветно барањата за претрес.

-За судот е нејасно зошто, и покрај воспоставените процедури, јавниот обвинител Лиле Стефанова не ги испочитувала истите и се упатила директно до дежурниот судија на претходна постапка и конкретните барања не се спроведени на соодветен начин и не се внесени во АКМИС системот, а имајќи предвид дека имало доволно време со оглед дека работното време на судот е до 16:30 часот, а дежурниот судија постапува по 16:30 часот, велат од Судот.

Тие обвинуваат дека СЈО вршело јавен линч на судиите чии одлуки не им се допаднале.

-Зачудува заканувачкиот вокабулар во писмените дописи и јавни соопштенија на СЈО кон судот и судиите, а јавното повторување на имињата и презимињата на судии на претходна постапка и судии во Кривичните совети кои постапуваат по конкретни предмети. Јавните прозивки не можат да  влијаат врз судиите во овој суд и нивното непристрасно и законито одлучување. Особено ако се земе  предвид начинот на презентирање на соопштенијата каде за судските одлуки од кои СЈО не се задоволни ги објавуваат имиња и презимиња на судиите, додека за оние одлуки од кои се задоволни не ги објавуваат имињата и не се информира јавноста, иако се работи за истите судии со што се прави обид за јавен линч на судиите, велат од Судот.

Поврзани новости