Австралискиот шеф на дипломатијата доаѓа во Македонија

by Фокус

Министерката за надворешни работи на Австралија, Џули Бишоп, во рамки на претстојната балканска турнеја од 9 до 15 јули, ќе ја посети и Македонија, што претставува прва посета на австралиски министер за надворешни работи на земјава.

Како што се најавува на официјалната веб страница на австралиското МНР, Бишоп ќе се сретне со премиерот Зоран Заев, министерот за надворешни работи Никола Димитров и со претставници на невладини организации кои работат со финансиска поддршка помош на Владата на Австралија.

Во рамки на посетата на регионот, Бишоп ќе престојува и во Хрватска и Србија, со цел зајакнување на билатералните односи и подобрување на економските и безбедносни интереси на Австралија во регионот.

Инаку, Австралија ја призна Македонија, ама не под уставното име, туку под привремената референца.

Поврзани новости