446
Одлуката законот за јазици прво да помине во Венецијанската Комисија е донесена по барање на меѓународната заедница во случај законот во иднина да се оспори пред Уставниот суд, изјави вицепремиерот за европски прашања во емисијата „360 степени“, Бујар Османи.
-Се согласивме во Влада и наскоро ќе го усвоиме. Имаше неколку сугестии од меѓународниот фактор дека не треба да дозволиме по усвојувањето евентуално да се оспори неговата уставност – рече Османи.
Според него, законот треба да се усвои што побрзо за да не биде дел од изборните агенди на политичките партии.