Го поздравуваме овој засилен ангажман на САД во поддршка на институциите за владеење на правото и за борба против корупцијата, изјави денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи. Како функцонер кој доаѓа од ДУИ, рече дека неговата партија е подготвена да предложи закон за ветинг и да биде носител на тој процес.
-Јас имав вчера едно мое искажување, а и претходно го потврдив на брифингот со вас дека двата новосоздадени инструменти, од една страна, Стратешкиот дијалог со САД и сите механизми што ги има и, од друга страна, отворањето на преговорите со ЕУ се двете страни на ножицата што треба да ја искорне корупцијата заедно со нас преку институциите. Апсолутно го поздравуваме овој засилен ангажман на САД во поддршка на институциите за владеење на правото и за борба против корупцијата, рече министерот за надворешни работи.