Идентитетот е црвена линија и за тоа нема право никој да преговара, истакна министерот за надворешни работи, Бујар Османи.
-Идентитетот, јазикот се црвените линии, како за Македонците, така и за нас (Албанците). Ова се црвените линии и за ова нема право никој да преговара. Ние Албанците заедно со македонските граѓани градиме заедничка иднина. Ние заедно живееме, имаме заедничка иднина, заеднички потреби. Албанците ќе останат лојални до крај. Веќе покажавме дека заедно можеме да направиме големи работи, сега е време за солидаризација за подобра иднина – рече Османи на ТВ 21.
Тој посочи дека поранешниот премиер Владо Бучковски е именуван за специјален претставник со цел да се врати довербата меѓу двете земји.
-Како поранешен премиер има доволно искуство да работи за да ја врати довербата меѓу двете земји. Бучковски е искусен, има добри контакти во Бугарија и сметаме дека тој е правилното решение, кое беше предложено од премиерот Заев и од мене – посочи Османи.
Тој додава дека обврските и задачите на Бучковски се на дневна база со сите детали околу спорот со Бугарија, односно работа што не може да ја прави министер или премиер.